НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Раст од 4% од почетокот на годината во Европа

Последните податоци на Здружението на автомобилски производители во Европа (ACEA) покажуваат дека регистрациите на нови комерцијални возила во октомври се зголеми за 6,9% до ниво од 221.514 единици.

Резултатот за Европа на крајот на првите десет месеци  од годината е исто така во плус од 3.9% или 2.068.085 единици, а на три од главните Европски пазари се забележува подобрување во однос на 2017 година. Барањето е зголемено во Шпанија (+ 7.9%), Франција (+ 5.4%) и Германија (+ 5.4%), додека во Италија и Велика Британија е намален со 2.2%.

Најголем пазарен удел кај комерцијалните автомобили во Европа имаат комерцијалните возила до 3,5 тони, при што за периодот јануари-октомври се забележува подобрување во регистрациите од 3.7% или 1.710.316 единици.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close