fbpx

Комерцијалните возила Gazelle достапни на македонскиот пазар

Комерцијалните возила Gazelle на рускиот производител GAZ сега се достапни и на нашиот пазар благодарение на ABC Brother

GAZ e најголемиот руски производител на комерцијални возила, основан во 1932 година. Од моментот на основање до денес GAZ има произведено над 18 милиони возила. Компанијата во својата понуда вклучува лесни товарни возила (до 3,5 т), средни и тешки товарни возила, автобуси и над 500 видови на специјално наменски возила. GAZ Group е еден од лидерите во производство на лесни товарни возила во Европа и број 1 во продажба на лесни комерцијални возила во Русија со 90% учество во пазарот. Компанијата врши извоз на своите производи во повеќе од 40 земји во светот.

Сега, комерцијалните возила на GAZ можете да ги најдете и во нашата земја. Официјален импортер и сервисер на GAZ моделите за Македонија е ABC Brother, која воедно е и увозник на комерцијалните и патнички возила на брендот DFSK. Во нашата земја ќе бидат достапни три модели на комерцијални возила од GAZ. Тоа се Gazelle Next, Gazelle Business 4×4 и GAZ Sobol 4×4.

Gazelle Next се возила со носивост од 3,5 тони и 4,6 тони за превоз на патници и товар. Oвој модел се нуди во две варијанти и тоа со единечна кабина за тројца патници и двојна кабина за седум патници. Gazelle Next нуди отворен товарен простор. Тука е и Gazelle Next Van комбето за превоз на три и седум патници. Овој модел нуди товарен капацитет од 11,5, 13,5 и 15 м3. Како дел од понудата е и Gazelle Minibus за превоз на 16+1 патници.

Gazelle Business и GAZ Sobol 4×4 се категории на комерцијални возила со 4×4 погон. Одличните „оф роуд“ перформанси заедно со високото ниво на комфор го прават ова комерцијално возило повеќенаменско. Минимален напор потребен при ракување со управувачот и педалите, добри повратни информации од управувачот и удобните седишни места го прават возењето комфорно дури и на тешки теренски патеки.

Gazelle Business 4×4 претставува теренско товарно возило со погон на сите четири тркала преку повремен пренос со редуктор. Поседува бруто носивост од 3,5 тони за превоз на патници и товар. Gazelle Business 4×4 се нуди во форма на камионети со единечна кабина за тројца патници и двојна кабина за седум патници и отворен товарен простор. Тука е и Gazelle Business теренското комбе за превоз на три и седум патници и товарен простор. Како и во случајот со Gazelle Next, така и Gazelle Business има и верзија на патничко комбе за превоз на 8 патници.

Gazelle

Gaz Sobol 4×4 претставуваат теренски товарни возила со погон на сите четири тркала и нудат бруто носивост од 3 тони за превоз на патници и товар. Како и во претходно наведените модели, така и овој се нуди во повеќе варијати. Gaz Sоbol камионетите се нудат со единечна кабина и двојна кабина за тројца, односно седум патници и отворен товарен простор. Gazelle Sobol e теренско комбе за превоз на 3 и 6 патници и товарен простор. Tука е и Gazelle Sobol патничкото комбе за превоз на седум патници.

Теренска конфигурација

Конфигурацијата на теренски перформанси е составена идеално и ги прави GAZ 4×4 моделите едни од ретките возила кои комбинираат одлични теренски карактеристики, цврста и тешка камионска шасија и висок комфор. Системот за погон на сите четири тркала се одликува со повремен пренос на предната оска преку редуктор. Со овој систем се овозможува заштеда на гориво, со оглед на тоа дека 4х4 системот се употребува по теренски патеки. Во нормални градски услови, погонот се одвива стандардно на задната оска. Малото меѓуоскино растојание дополнително ги подобрува теренските перформанси, додека блокаторот на диференцијал овозможува значително подобрување на „оф-роуд“ возењето. GAZ моделите се поставени на специјални „оф-роуд“ гуми со димензии 225/75 R16 кои се отпорни на абење и идеални се за возење на различни видови терени.

Сите модели пристигнуваат со мотори произведени од америкaнскиот производител на дизел агрегати Cummins. Работната зафатнина изнесува 2,8 литри, додека моќноста изнесува 120 КС кај сите модели. Комерцијалните возила се опремени со компоненти произведени од лидерите во автомобилската индустрија како Bosch, Mando, Delphi, ZF и Takata.

Една од најголемите предности на GAZ комерцијалните возила е цврстата камионска шасија засилена со U-профили и погонот на задна оска со задни двојни тркала кој обезбедува поголема стабилност на возилото при максимална натовареност. Возилата пристигнуваат со гаранција од 3 години или 150.000 км, како и долгите интервали за сервис од 20.000 км. Kaj Gazelle Next моделите една од предностите е и капацитетот на карго просторот. Кај товарните комбиња истиот достигнува волумен од 15.5 м3, додека кај сандучарите достигнува волумен од 20 м3.

Gazelle

Во моментов Gazelle возилата во нашата држава се нудат по промотивни цени на возилата кои се наоѓаат на лагер. Исто така, сите GAZ комерцијални возила со отворен товарен сандак во моментов се нудат гратис церада со арњеви. Ова претставува огромна предност во однос на конкурентните модели бидејќи се работи за опција која вообичаено врзува дополнителни средства за купувачот. Исто така товарниот сандак кај сите модели е обложен со водоотпорна иверка.

Како што напоменавме погоре, во моментов е актуелна промотивната понуда со попуст од 3.500 евра на возилата кои се на лагер. За дополнителни информации околу цените на возилата дознајте ТУКА.

Поврзани вести

Back to top button