fbpx

Комерцијалните возила на Peugeot главни лица на акцијата на Еуроимпекс

По повод 210 годишнината на Peugeot, Еуроимпекс започнува акција со специјална понуда која се однесува на гамата на комерцијални возила на брендот

„2.1.0 Let’s go! На твоја страна. Секогаш со тебе!” е слоганот на новата кампања на Peugeot и Еуроимпекс, а која има за цел поврзување на приказната за јубилејот на Peugeot, како и потврда за верноста и исполнителноста на моделите кон своите клиенти низ годините. Peugeot, како еден од најстарите автомобилски брендови, од секогаш се стремел кон задоволување на потребите на индивудуалецот, велат од Еуроимпекс.

Оваа кампања, како што веќе наведовме, се однесува на комерцијалните возила на францускиот бренд, а за таа цел Еуроимпекс подготви акција која се однесува на возилата Partner, Expert и Boxer. Со оглед на тоа дека секој бизнис си има свои потреби, а потребно е да се излезе во пресрет на специфичностите на клиентите, почнувајќи од корисник на возило, па се до менаџери на возен парк, Peugeot нуди различни верзии на своите модели од комерцијалната гама кои се прилагодливи на потребите и барањата на клиентите.

Peugeot Еуроимпекс

Токму затоа, секој трговец, менаџер или вработен во големо или мало претпријатие кој има потреба од комерцијално возило, креирано согласно своите барања и потреби, може да се обрати во Еуроимпекс, или кон овластената дилерска мрежа низ земјава, кои ќе креираат понуда која најдобро одговара на нивните барања.

Како пример, од Еуроимпекс направија информативна пресметка формирана на конкретен пример на Peugeot Partner со Comfort ниво на опременост и 1,5-литарски BlueHDi мотор со моќност од 75 КС. Според истата пресметка, ова возило е достапно за 11.822 евра без ДДВ. Притоа, учеството изнесува 3.100 евра, плаќањето се врши на 84 рати, додека месечната рата изнесува 136 евра без ДДВ. Годишната каматна стапка изнесува 5,5 проценти за правни лица.

Комерцијалните возила Partner, Expert и Boxer се возила за сечии потреби, создадени од професионалци за професионалци.

За повеќе информации посетете ги продажни салони во Еуроимпекс и дилерската мрежа или контактирајте ги преку следниов ЛИНК.

Поврзани вести

Back to top button