fbpx

Конечно профит во Opel по 19 години

По скоро две децении постојано во негатива, Opel конечно оствари профит во првата половина од годинава

Откао е „под капата“ на француската групација PSA Peugeot Citroen, германскиот бренд, конечно почна да бележи позитивни остварувања. За првите шест месеци од оваа година, германската компанија има позитивен финансиски резултат од речиси половина милијарда евра и завидна 5% профитна маргина. Пред тоа, додека GM го поседуваше Opel, компанијата губеше во просек по една милијарда евра годишно.

Германскиот производител само е дел од успешната приказна на PSA, која постигна одлични полугодишни резултати, 18% раст на нето приходите и 40% раст на прометот. Профитната маргина на трите француски брендови е веќе 8,5%, многу над целта од 6% поставена за 2021 година.

Добрите резултати на PSA делумно се должат на успехот на пазарот на новите модели, но делумно и на мерките за намалување на трошоците, извршени од главниот извршен директор Карлос Таварес.

OpelСега, Таварес го прави истото во Opel. Тој планира да ликвидира 3.700 работни места во германската компанија и да го продаде развојниот центар, во кој се вработени околу 4.000 луѓе. Главниот директор за финансии, Шатијон, призна дека компанијата има „прекумерна вработеност” во развојот и инженерството, но дополни и тоа дека германските синдикати тешко ќе ги прифатат аргументите за потребата од овие намалувања во време кога компанијата остварува профит, па нема лесно да се остварат плановите на Таварес.

Поврзани вести

Back to top button