Краток тест: Peugeot 508 GT line – седан со атлетски дух

Радикален седан со радикална промена. Остар и смел дизајн, прецизни линии, мускулеста компактна форма и атлетски дух се она што ја дефинираат втората генерација на францускиот знаменосец

Новиот 508 го пробавме во неговата GT Line изведба со 2.0/ 177 КС и потврдивме дека е создаден да постави стандарди од светска класа во загрозениот Д-сегмент.

За прв пат позади управувачот на овој седан седнавме пред речиси една година, каде на презентацијата по Азурниот брег имавме прилика на кратко да се запознаеме со ова врвно автомобилско достигнување. Она што автомобилот има навистина да пружа ни стана јасно по официјалниот тест, каде тестираниот модел беше во Allure изведба, погонуван од 2.0 HDi мотор со моќност од 160 коњски сили. Овој пат, имаме прилика да ја пробаме нешто помоќната изведба на овој мотор, со 177 коњски сили, но во GT Line издание.

Елеганција во движење

На прв поглед, новиот Peugeot 508 изненадува со енергично и импулсивно присуство. Аеродинамичните линии му доловуваат карактер на спортско купе, кое зрачи со уникатен и изразен дизајн. Предниот крај е импресивен, со агресивни акценти, каде внимателно дизајнираната решетка со хромирани детали е одлично надополнета со LED светлосни уреди, директно инспирирани од концептниот Peugeot Instinct. Вертикалниот визуелен потпис на дневните светла овозможува посебен, ексклузивен идентитет, кој уште на далечина го разлика овој автомобил од останатите.

Надворешност 1/4 | 508
Надворешност 2/4 | 508
Надворешност 3/4 | 508
Надворешност 4/4 | 508

     

    Атрактивноста на францускиот седан продолжува понатаму, каде вратите без рамка му обезбедуват уникатен карактер со едно поинакво ниво на елеганција, пропратена со совршени чисти линии и купе силуета. Бескомпромисната естетика го карактеризира и задниот крај, каде доминира маркантната мускулатура, а она што веднаш се издвојува се тродимензионалните Full LED задни светла. Пакетот GT Line со себе ги повлекува двобојните 18-инчни алуминиумски фелни, кои го комплетираат спортскиот дух на овој црн примерок на 508.

    Стимулирачко и интуитивно возење

    Храбриот дизајн се забележува и при самото отворање на возачката врата, каде ќе бидете пречекани од впечатлив ентериер, со доминантен спортски, но и луксузен нагласок. Влегувањето во новиот Peugeot 508 е како влегување во друг свет, фокусиран на квалитетот и оригиналноста. Неконвенционалниот изглед станува заштитен знак на брендот, каде спектакуларноста е постигната преку премиум инструмент-панелот и најновата верзија на Peugeot i-Cockpit®. Интересен детал се и познатите „пијано типки“, кои всушност претставуваат прекинувачи кои гарантираат брз и лесен пристап до дел од секундарните подсистеми, како аудио системот, климатизацијата, навигацијата и мобилните апликации.

    Присуството на GT Line е забележливо и тука, со декоративни рабни опшивки на иструмент таблата и управувач преслечен со перфорирана кожа со GT Line ознака. Седишта кај овој модел доаѓаат во комбинација од ткаенина и црна кожа, со интегрирани греачи и масажери во предниот ред, кои дополнително ја зголемуваат удобноста при патувањето.

    Внатрешност 1/4 |
    Внатрешност 2/4 | 508
    Внатрешност 3/4 | 508
    Внатрешност 4/4 |

      Француски Batmobile

      Дефинитивно еден од најзабавните моменти при управувањето со новиот 508 е несомнено неговата погонска единица. Тестираниот модел во конфигурација со 2.0 BlueHDi мотор, може да се пофали со високо ниво на перформанси, агилност и респонсивност. Со излезна моќност од 177 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm, пренесени преку осум-степениот автоматски менувач, тој претставува еден од подинамичните примероци во својата класа.

      За разлика од претходно тестираниот модел, кој беше послабата варијанта на овој агрегат, на црниот GT Line му е потребно речиси 1 секунда помалку за достигнување на брзина од 100 km/h, со вкупно време од 8,3 секунди, а зголемена е и максималната брзина на 235 km/h. Што се однесува до потрошувачката, во неколкудневното дружење забележавме просек од 7,5 литри на 100 изминати километри.

      Режимите Normal, Eco и Sport имаат за задача да го менуваат и прилагодуваат карактерот и однесувањето на возилото во зависност од темпераментот на возачот. Прецизен и со извонредно држење на патот, новиот 508 е префинета и изненадувачки спортска алтернатива која на возачот му овозможува поголема слобода на движење и ја враќа возбудата при патување, која неговиот предходник не беше во можност да ја понуди.

      Цената на тестираниот примерок изнесува 39.950 евра.

      Повеќе информации во Еуроимпекс или на тел. (02) 3111 000.

      Клучни зборови

      Поврзани вести

      Back to top button
      Close