Голем проект за автономни автомобили во Европа

Групацијата Volkswagen го објави стартот на истражувачкиот проект L3Pilot, кој ќе трае 4 години

Неговата цел е да ги тестира системите за автономно движење на автомобили во 11 европски земји.

За целта ќе бидат тестирани 100 возила опремени со автоматски пилоти со стандарди ЅЕА за трето и четврто ниво. Тие ќе бидат водени од 1.000 возачи како во урбаните области, така и на автопатите и L3Pilotмеѓуградските патишта. Резултатот од тестот ќе послужи за подобрување на технологиите за беспилотни возила. Буџетот за програмата L3Pilot е 68 милиони евра, од кои 36 милиони евра доаѓаат од Европската комисија. Лидер и координатор на проектот е Volkswagen Group, која ќе соработува со Audi, BMW Group, Centro Ricerche Fiat SCPA, Daimler, Ford, Honda R & D Europe, Jaguar Land Rover, Opel Automobile, Groupe PSA, Renault, Toyota Motor Europe, Volvo Car Corporation, Autoliv, Delphi Deutschland и FEV Group.

L3Pilot

Според експертите ова е прв во светот проект кој ги тестира комплексните функции за автономно движење во реални услови од сите видови. За таа цел ќе се користи и поддршката на голем број организации. Од страна на научно-образовните институции ќе учествуваат Германскиот аерокосмичен центар, како и универзитетски и институти од Германија, Италија, Финска, Велика Британија, Норвешка и Австрија. Меѓународната автомобилска федерација (FIA), исто така, ќе биде консултант.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close