Лос Анџелес 2017: Jeep Wrangler-нова епизода!
Јеер ја покажа новата генерација на неговиот култен модел Wrangler на салонот во Лос Анџелес
![Wrangler](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/12/Jeep-n-780x405.jpg)
Теренецот пристигнува со нов режим на работа на погонот 4х4, верзија со мек покрив со електрично задвижување, како и 33-инчни офроуд гуми за модификација Rubicon.
Четвртата генерација на Jeep Wrangler е изградена на посилна, поцврста рамка. Употребениот во конструкцијата алуминиум, од кој се изработени капакот, вратите и рамката на ветробранското стакло, придонесе да се намали масата на машината за 91 килограм. Капакот на багажникот е изработен од легура на магнезиум и алуминиум.
Инжињерите направија голем број промени, намалувајќи ги вибрациите со армирани брави и модификуван дизајн на вентилациските отвори. Новата генерација Wrangler доаѓа со три опции за покрив: крут со модуларна конструкција, мек подвижен и мек на електричен погон. За прв пат во историјата на Jeep, Wrangler е опремен со спојлер. Основната верзија на Jeep Wrangler e со 3.6- литарски V6 мотор со моќност од 285 коњски сили и вртежен момент 353 Nm.
Моторот работи со шест- брзински механички или осум- степен автоматски менувач. Исто така, моделот доаѓа со „мек” хибриден систем, дволитарски мотор со турбополнач со капацитет од 272 КС (400 Nm), со старт генератор и 48 V вградена мрежа. Следната година, линијата на мотори ќе биде надополнета со 3.0-литарски дизел мотор, но нема детални информации.