fbpx

Лос Анџелес 2017: Збогатена палетата со Kia Niro PHEV

Kia Motors на салонот за автомобили во Лос Анџелес ја претставува plug-in hybrid верзијата за крососверот Niro

Покрај благо дотераниот Sorentо за моделската 2018 година, Kia Motors на салонот за автомобили во Лос Анџелес ја претставува и Plug-in Hybrid верзијата за крососверот Niro. Во прашање е значи 2018 Kia Niro PHEV, каде имаме комбинација на 1.6 литарскиот GDI бензинец, електромотор со моќ од 60 коњи, литиум- полимер батерија од 8.9 kWh и шестстепен автоматски менувач со двојна спојка.

Kia Niro PHEV

Комбинираната моќ на моделот изнесува 139 КС и 264 Nm вртежен момент, а возилото има вкупна автономија од околу 900 km. Можно е да се управува и само на електричен погон ( вкупно 42 километри), а батеријата се полни на обична мрежа за два часа.

Kia Niro PHEV

Поврзани вести

Back to top button