fbpx

Лос Анџелес 2018: електричните SUV и пикап на Rivian

Американската компанија Rivian на овогодинешното авто-шоу во Лос Анџелес ни претстави два нови електрични модели, R1T и R1S

Во 2009 година како нов член во производствената индустријата, на автомобилската сцена се појави нов бренд под името Mainstream Motor, кој подоцна се преименува во Rivian. Со само 560 вработени и неколку години работење во сенка, овој производител конечно дебитираше со својот електричен пикап автомобил под името R1T.

Овој автомобил многу наликува на концептен модел. Со предната и задната светлосна решетка, мора да признаеме дека навистина потсеќа на концептната изведба на Volkswagen Tanoak. Тие дури светат и во зелена боја додека возилото е приклучено на полнач.

 

Со својот скејтборд базиран дизајн, овој модел претставува права батерија на тркала која овозможува прилично забавна употреба на просторот, која компанијата целосно ја искористила. Во делот позади задната клупа, се наоѓа мал тунел кој претставува интересна единица за складирање.

Интериерот на овој пикап е прилично простран, каде подот е изработен од цврста гума наместо теписон, а седиштата се изработени од мека но сепак цврста ткаенина наречена Chilewich.

Покрај тоа што R1T претстаува секојдневно пикап возило, тој е наменет и за off road услови, па така тој доаѓа со навигација во која се програмирани и многу мапи од ваков вид.

Импресивна карактеристика на овој модел е тоа што и покрај ниско прицврстената батерија, тој може да навлезе во вода од речиси еден метар без никакви последици.

Просторот во товарниот дел е навистина многу широк и доаѓа со прекривка, како и покривни шини кои лесно се преместуваат. Исто така во овој дел се наоѓа пумпа за велосипеди и сигурносен кабел за прицврстување на товар.

Секое тркало се напојува со уред од 147 kW, со што се овозможува прецизна контрола на вртежниот момент, додека пак сите батерии и напојувачки единици се поставени под висината на тркалото. Така се добива низок центар на гравитација, што претставува идеална карактеристика за ваков товарен модел

Производителот  тврди дека со помош на испорачаниот вртежен момент, R1T од 0 до 100 километри на час забрзува за импресивни 3 секудни, а исто така има и капацитет за влечење од 5 тони.

Кај овој модел може да се сместат повеќе видови на батерии. Најголемата има капацитет 180 kWh, може да помине околу 640 километри со едно полнење, а за време помалку од еден час таа се полни дури до 80 проценти со помош на уредот за брзо полнење. Така со полнење од само 20 минути може да возите од 160 до 240 километри.

Од Rivian велат дека почетната цена на R1T ќе биде од 61,500 долари, а дека неговата испорака ќе започне кон крајот на 2020 година.

Со предиспозиција да биде најлудиот електричен SUV, новиот R1S е опремен со седум седишта и претствува попрактичен брат на R1T. Со микс на елегантност и агресија, новиот R1S има искучителен дизајн.

Неговите спецификации се речиси целосно исти со пикап моделот, со исклулок на тоа што R1S е малку пократок. Така и овој SUV се базира на скејтборд платформата. Опремен е со истите батерии со капацитет од 180 kWh, 135 kWh или 105 kWh, која ќе биде достапна во рок од шест месеци по лансирањето. Електричниот опсег на R1S изнесува околу 640 километри со едно полнење.

И покрај неговата тежина од 2650 килограми, Rivian трвди дека и кај овој електричен модел, забрзувањето од 0 до 100 е за време од 3 секунди.

Погонуван од четири електрични мотори, неговата моќност е приближна на 700 коњски сили.

Испораката на R1S ќе започне во почетокот на 2021 година, а цената ќе му биде малку повисока од таа на R1T и ќе започнува од 72,500 долари.

Поврзани вести

Back to top button