НАСЛОВНАНОВИТЕТИСАЕМИ

Лос Анџелес 2018: Премиера на новиот електричен Kia Soul (Видео)

Kia ја демонстрира новата генерација на нестандардниот како по дизајн и по конструкција модел Soul за време на меѓународниот саем во Лос Анџелес, а главен акцент кај премиерата е нејзината електрична верзија EV.

Новиот Soul EV ќе се произведува во Кореја и ќе биде лансиран прво на американскиот пазар во првата половина на следната година. Електромобилот ќе биде опремен со нова литиум-јонска батерија со капацитет од 64 kWh за која од компанијата велат дека таа ќе предложи зголемена автономија.

Погонскиот систем на автомобилот е со моќност од 204 коњски сили и вртежен момент од 395 Nm, а задното потпирање и системот за регенерација при сопирање се целосно нови. Возачот ќе има можност да избира помеѓу четири одделни режими на работа- Eco, Comfort, Sport и Еко +.

Soul

Новиот Soul EV е опремен со 10.25-инчен екран, кој се поврзува со мобилен телефон преку Apple CarPlay, Android Auto и Bluetooth, до седум заштитни воздушни перничиња, електронски систем за стабилизација, систем за помош на поаѓање на нагорнина и друго. Како дополнителна опрема се достапни систем за предупредување при опасност од удар од напред, асистент за одржување на автомобилот во лента, темпомат, паркинг асистент и друго.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close