LaFerrari „лета“ со 372 километри на час на автопат (Видео)

На YouTube се појави видео снимка на која се прикажува како Ferrari LaFerrari на германски автопат достигнува брзина од 372 километри на час

Кога се појави пред седум години, LaFerrari беше првиот хиперавтомобил на Ferrari со благ хибриден погон. Се напојува со 6,3-литарски V12 мотор кој развива 789 КС, а со помош на благиот хибриден систем, комбинираната сила изнесува 950 КС. Сета оваа моќ му овозможува на овој модел од нула до „стотка“ да забрза за помалку од три секунди, а видеото објавено на YouTube покажува што може да направи на делница од германски автопат каде нема ограничување на брзината.

Забрзувањето на LaFerrari е неверојатно, а во еден момент, автомобилот достигна брзина од 372 километри на час на празен автопат!

Ferrari стави крај на производството на моделот LaFеrrari во 2016 година кога започна производството на моделот Ferrari LaFerrari Aperta „без покрив“, кој имаше неколку подобрувања во однос на стандардниот LaFerrari, но ги задржа познатиот облик и дизајн. Двата започнаа нова ера која донесе комбинација на конвенционални мотори и батерии, па денеска го имаме и Ferrari SF90 Stradale, plug-in хибриден Ferrari кој до „стотка“ стигнува за 2,5 секунди.

Поврзани вести

Back to top button