Викенд тарифа: Lamborghini Aventador S против Tesla Model S Performance

Нова интересна драг трка, а повторно една од главните улоги ги има Tesla Model S Performance, а овој пат на спротивната страна е Lamborghini Aventador S

Веќе не би требало да бидете изненадени доколку видите како Tesla победува моќен суперавтомобил во драг трка. Автомобилите на Tesla се покажаа како брзи и моќни машини кои можат да излезат на мегдан со најбрзите автомобили кои постојат. Треба да се напомене дека тука станува збор за Tesla Model S Performance кој е помоќна верзија. На спротивната страна е Lamborghini Aventador S Roadster.

Tesla Model S Perfromance е напојуван од два електромотори кои произведуваат вкупна моќност од 838 КС и огромни 1.300 Nm вртежен момент. Од друга страна, Aventador S со својот 6,5-литарски V12 мотор кој произведува 740 КС и 690 Nm вртежен момент. Tesla изгледа многу помоќно на хартија од Lamborghini, но треба да се напомене дека Model S Performance е многу потежок со 2.241 килограми, додека Lamborghini Aventador тежи само 1.625 килограми.

Дали може полесниот Lamborghini Aventadоr S Roadster да го победи Tesla Model S Performance во драг трка? Погледнете го видеото за да дознаете.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close