fbpx

Lamborghini Huracan Evo доби суптилен третман од Novitec

Германската тјунерска компанија Novitec направи суптилна надоградба и модифификација на Lamborghini Huracan Evo

Novitec e компанија која е позната по рецептот кој го користи долго време, а тоа е фразата „помалку е всушност повеќе“, така што суптилниот третман е всушност во согласност со работата која германскиот тјунер ја направи на Huracan, иако самиот фабрички изглед на италијанскиот суперавтомобил Германската тјунерска компанија Novitec направи суптилна надоградба и модифицирање на Lamborghini Huracan Evo е далеку од дискретен и суптилен.

Најголемо внимание секако привлекува големиот спојлер кој може да придонесе многумина да помислат дека станува збор за моделот Performance. Спојлерот пристигнува со карбонска завршна обработка, како и останатите компоненти на Novitec наменети за Huracan Evo меѓу кои и предниот капак со отвори задолжени за подобар проток на воздухот и зголемување на силата на потисок на предната осовина. Карбонот е користен и во изработката на предниот спојкер, страничните ретровизори, страничните отвори, хаубата под која се наоѓа атмосферски 5,2-литарски мотор, како и задниот отвор кој придонесува за ладење на V10 моторот. Сите компоненти се развиени во воздушен тунел со цел да овозможат подобра аеродинамика.

Lamborghini Huracan Evo

Купувачите можат да добијат и 20-инчни предни и 21-инчни задни тркала, полесен издувен систем базиран на оние од Formula 1 и покрут систем на потпирање кој го спушта автомобилот за 35 милиметри. Внатрешноста може да биде обложена со кожа и Алкантара во било која боја, зависно од желбите на заинтересираните купувачи.

Кога станува збор за перформансите на Германската тјунерска компанија Novitec направи суптилна надоградба и модифицирање на Lamborghini Huracan Evo, тие остануваат исти како и претходно, така што споменатиот 5,2-литарски атмосферски V10 мотор и понатаму развива 630 КС.

Поврзани вести

Back to top button