Lamborghini ја закажа премиерата на новиот модел за 7 мај
Италијанскиот производител на луксузни спортски суперавтомобили Lamborghini ја закажа премиерата на својот нов модел која ќе се одржи преку интернет презентација
Италијанската компанија Lamborghini потврди дека ќе продолжи со производство во својата фабрика во Италија од 4 мај, а само три дена подоцна ќе го претстави и својот нов модел. Но, не е јасно што тоа би можело да биде бидејќи италијанскиот производител на луксузни спортски суперавтомобили останува таинствен.
За почеток треба да се исклучи опцијата за лансирање на четврти модел во гамата на италијанската марка, бидејќи раководството на италијанскиот бренд во неколку наврати досега повтори дека четвртиот модел на Lamborghini нема да пристигне во понудата до средината на тековната деценија.
Тоа ја остава отворена можноста за некоја нова варијанта на веќе постоечки автомобил. Нова верзија на Gallardo е малку веројатна, но сосема е возможно следниот четврток да се запознаеме со ново издание на моделот Huracan. Така наречениот Huracan Super Trofeo Omologato би требало да го користи истиот агрегат како и верзијата Performante, но се очекува сепак од истата биде полесен за некои 150 килограми, што значително ќе влијае на перформансите на возилото.
Втората, пореална опција е дека идната недела ќе се запознаеме со додаток во гамата на бестселерот Urus. Можно е тоа да биде plug-in хибридна верзија на популарниот SUV на Lamborghini, бидејќи италијанскиот производител ќе мора да се подготви да ги пресретне нормите на ЕУ кога станува збор за флотната емисија на штетни гасови, па еден ваков електрифициран модел би можел многи да значи во намалувањето на шансите за потенцијални казни во ЕУ.
Во секој случај, ќе мораме да почекаме до четврток, 7 мај, за да се запознаеме со новиот модел во семејството на Lamborghini.