fbpx

Lamborghini Urus ST-X пристигнува во текот на оваа година

Откако во 2018 година беше најавен како концепт фокусиран на патеката, Lamborghini Urus ST-X концептот дебитираше минатата година како прв супер SUV во светот на трките

Urus ST-X на патеките ќе го видиме во текот на оваа година, а тоа го потврди и шефот на одделот за истражување и развој на Lamborghini, Маурицио Реџиани. Тој изјави дека Urus ST-X ќе се појави на Lamborghini Super Trofeo Wolrd Final кој ќе се одржи на 31. октомври и 1. ноември во Мисано, Италија.

„Ќе се одржи демонстрациска трка на која ќе го претставиме форматот“, изјави кратко Реџиани.

Urus ST-X нема да добие никакви подобрувања на моторот, што значи дека ќе го задржи 4,0-литарскиот V8 битурбо мотор кој го напојува и патничкиот Urus и кој развива 650 KС. Меѓутоа, ќе биде полесен за 500 килограми, што значи дека неговата тежина ќе биде намалена на 1.650 килограми.

Со оглед на тоа дека сега ST-X верзијата е официјално потврдена, понудата на Urus ќе биде проширена, а се очекува и хибридна верзија на супер SUV моделот на Lamborghini.

Plug-in хибридот за кој се зборува од 2018. година ќе мора да почека до 2021. Платформата superSUV е веќе електрифицирана од страна на останатите брендови на VW групацијата, а Lamborghini својот момент го чека со добра причина.

„Urus е различен од останатите корисници на таа платформа“, наведува како причина Реџиани. Секако, купувачите ќе можат да уживаат во максимални перформанси, како и во режимот кој подразбира крајна ефикасност. Како и во случајот со Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid, Urus PHEV веројатно ќе располага со режим на возење на чисто електричен погон.

Urus е сестрински модел на Audi Q7 и Q8, Volkswagen Touareg, Porsche Cayenne (Cayenne Coupe), како и Bentley Bentayga. Сите наведени модели се базирани на MLB Evo платформата.

Поврзани вести

Back to top button