ВИДЕОНАСЛОВНА

Lamborghini го претстави најбрзиот SUV во светот

Lamborghini го претстави најбрзиот SUV во светот - Urus. Возилото со пренос на сите четири тркала има мотор од 650 КС

Димензиите на кросоверот се должина 5.112, ширина 2.016, висина 1.638 и растојание помеѓу двете оски 3.003 mm. Тежината на машината е 2,2 тони, а волуменот на багажникот достигнува 616 литри. Кога ќе се отстранат задните седишта, слободниот простор се зголемува на 1.596 литри. Како опција за Urus, ќе бидат достапни две одделни задни седишта.

1 | најбрзиот SUV
2 | најбрзиот SUV

    Теренец на Lamborghini е изграден на модуларната платформа на концернот Volkswagen- MLB Evo, која претходно беше користена за Bentley Bentayga и Audi Q7. Каросеријата е направена од алуминиум, а шасијата е од висококвалитетен челик и композитни материјали. Потпирањето е пневматско со електромеханички стабилизатори за попречна стабилност и активен заден диференцијал. Истиот систем за компезирање на навалување во свиоци, се користи кај Bentley Bentayga, Porsche Cayenne и Audi Q7. Кросоверот е управуван од 4.0- литарски битурбо V8 мотор со моќност од 650 КС и вртежен момент од 850 Nm.

    Менувачот е 8- степен ZF и се користи за прв пат во автомобил на Lamborghini. Забрзувањето од 0 до 100 km/h кај Urus трае 3,6 секунди, а до 200 km/h  за 12,8 секунди. Максималната брзина е 305 km/h што го прави најбрзиот SUV во светот. За споредба, Bentley Bentayga со истиот мотор, но со 600 КС. Забрзува од 0 до 100 km/h за 4,1 секунда и развива брзина од 301 km/h. Кај Porsche Cayenne Turbo (550 КС) забрзувањето е за 3,1 секунди, а брзината е 286 km/h.

    Теренецoт располага со најголемите во светот карбон-керамички сопирачки 440 милиметри дискови на предната оска и 370 милиметри на задната. На Buggati Chiron има 420 mm дискови на предната страна. Во опремата на моделот влегува аудио Bang & Olufsen со моќност od 1.700 вати, систем за кружen надзор, систем за предупредување при опасност од директен судир, електрично затворање на багажникот, како и безжичен полнач за smartphone.

    Производството на Urus започна во јануари, а првите автомобили ќе бидат доставени до крајот на кварталот. Цените на моделот започнуваат со 218.000 евра.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Close