НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Lamborghini ќе продолжи да користи атмосферски мотори

Компанијата Lamborghini ќе продолжи да ги користи атмосферските V10 и V12 мотори и кај идните модели, односно следните генерации на Huracan и Aventador

Засега во план е да не се поставуваат тубомотори или агрегати со помал број цилиндри, истакна техничкиот директор на брендот, Маурицио Реџина.

-Секој автомобил има сопствена мисија, а во зависност од тоа, ние исто така го избираме моторот. За Urus ќе продолжиме да го користиме турбомоторот, но за супер изведбите ќе се потпреме само на атмосферски агрегати. Соодветно тие ќе станат дел од хибридните системи за да можат да ги задоволат еколошките барања, објасни Реџина.

Lamborghini

Првата хибридна супер изведба на Италијанците ќе пристигне токму со следната генерација на Aventador, која ќе се појави во 2020 или 2021 година. По него ќе излезе и електрифицираниот Huracan. Зголемувањето на тежината поради додавањето на електроморот и акумулатори ќе биде компензирано со користење на нови композитни материјали. Тие веќе се развиени од страна на инженерите на Lamborghini со помош на научници од Технички институт во Масачусетс.

Еден од новите материјали ќе може да апсорбира електрична енергија и да служи како суперпроводник. Првиот автомобил, кој ги демонстрираше новите технологии, е концептот Terzo Millennio, претставен од Lamborghini во ноември 2017 година. Машината добива електрична моќ од суперкондензатори вградени во каросеријата.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close