fbpx

Lamborghini „раскрсти“ со традиционалните саеми

Автомобилските салони веќе беа под голема закана пред пандемијата на коронавирусот, а сега Lamborghini одлучи дека повеќе нема да се појавува на истите

Италијанскиот производител на луксузни суперавтомобили Lamborghini донесе одлука повеќе да не учествува на традиционалните меѓународни салони и саемски манифестации за автомобили, туку наместо тоа ќе се фокусира на помалите настани кои ќе бидат насочени кон директна комуникација со купувачите.

Маркетинг шефицата на Lamborghini, Катја Бази, потврди дека саемските манифестации повеќе не се во фокусот на брендот. „Одлучивме да ги напуштиме салоните за автомобили бидејќи ние силно веруваме дека интимната врска со купувачот е клучот за нас, а автомобилските салони повеќе не се совпаѓаат во нашата фолозофија. Решени сме да имаме поинтимен однос со клиентите, а тоа не е возможно преку изложувањето на такви манифестации“.

И додека Lamborghini повеќе нема да се појавува на големите саеми, компанијата не се откажува во целост од сите автомобилски настани. Наместо тоа, тие ќе се насочат на Goodwood Фестивалот на брзината и Concours d’Elegance во Пебл Бич. Овие настани полека стануваат мини авто салони, со оглед на тоа дека голем број компании одлучуваат да ги претстават своите автомобили токму тука.

Lamborghini ќе примени поинаков пристап

Катја Бази додаде дека големите манифестации имаат свој драж, бидејќи им овозможуваат на посетителите одеднаш да видат голем број нови модели, но… „Времињата се менуваат, интернетот и социјалните мрежи значително го променија пристапот кон автомобилските салони“, изјави Катја Бази.

Lamborghini ќе се насочи и кон малите интимни средби и настани со интеракција што ќе им овозможи повторно „да се поврзат физички со купувачите преку специјални вечери и искуства. Нешто налик интимни „афери“ дизајнирани ексклузивно за сопствениците на Lamborghini возила.

Во секој случај, оваа вест е голем удар за меѓународните автомобилски салони кои имаат проблеми во последните години, откако автомобилските производители се насочуваат кон специјализирани настани и интернетот за лансирање на новите модели. Ова предизвика настаните да ги променат работите, па така Саемот во Детроит е преместен за јуни, додека Салонот во Франкфурт од 2021 година се сели во Минхен. Opel и Peugeot го прескокнаа годинешното издание на Женева, кое патем беше откажано во последен момент поради пандемијата, а Volkswagen исто така истакна дека нема да присуствува на Салонот во Париз, кој сепак ќе се одржи, но во една поинаква форма.

Поврзани вести

Back to top button