НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Lamborghini Sián супер спортски автомобил од иднината

Молњата на Lamborghini произведена во ограничена серија од само 63 единици кои се веќе продадени

Визионерски дизајн, иконски V12 мотор и хибридна технологија. Најбрзиот Lamborghini на сите времиња со футуристички дизајн привлекува внимание со својата боја, златните детали, хексагоналните LED светла и внатрешноста. Lamborghini Sián има електрифициран погонски систем, во комбинација со 6.5 литарски V12 бензин и 48V mild hybrid систем, погон на сите тркала и 7-брзински менувач.

Овој модел има моќност од 602 kW, 819 коњски сили, додека забрзува од 0 до 100 km/h за 2,8 секунди. Технологијата на акумулација на енергија за прв пат во светот се појавува во Lamborghini Sián што резултира со електричен систем кој тежи само 34 килограми кој обезбедува совршена дистрибуција на тежината.

Lamborghini Sián вклучува високо напреден систем за сопирање специјално развиен за Lamborghini. Дизајнот дава јасна слика за оптимизираната аеродинамичка ефикасност и технолошката моќ.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close