fbpx

Lamborghini со електрификација на V12

Lamborghini ја смета електрификацијата како клучна во иднината на својот популатен V12 погон, кој има намера да го одржува во живот

Непосредно по извештајот дека наследникот на Aventador е поместен за 2024 година, Motor Authority имаше прилика да разговара со главниот технички офицер на Lamborghini, Маурицио Реџиани, за тоа како ќе изгледаат погонските агрегати на компанијата во иднина.

„Сметаме дека брендот Lamborghini се основа на V12. Од тука јасно е дека ни е потребна електрификација затоа што ни треба тоа да го намалиме нивото на C02 како и да добиеме дополнителна моќност заснована на електрификација,“ изјави Реџиани.

Во други извештаи, пак се наведува дека Lamborghini може да ја редуцира идната генерација на V12. Реџиани не ги оспори овие тврдења, но го потврди верувањето на компанијата дека природно аспирираните мотори се сеуште најдобри за своите суперавтомобили, исклучувајќи ја можноста за наследници на Huracan и Aventador да ја користат присилената индукција како Urus SUV.

Lamborghini

„Многу наши конкуренти се движеа во правец на V8 турбо и решивме дека природниот аспириран мотор е сè уште најдоброто толкување на супер спортските автомобили на марката“, рече тој.

Останува нејасно каков вид хибриден погон може Lamborghini да искористи кај новиот Aventador, а една од опциите сигурно е и системот каде моторот со внатрешно согорување испраќа моќност исклучиво до задните тркала, додека електричните мотори се грижат за предната оска.

Поврзани вести

Back to top button