Lamborghini со тизер го најави Sian Roadster
Италијанскиот производител на спортски суперавтомобили Lamborghini објави тизер пред утрешното претставување на долгоочекуваниот Sian Roadster
Ако постоеја некакви дилеми изминатите денови, сега се дефинитивно расчистени. Во најавата за пристигнувањето на „нешто што е пред своето време“ останаа дилеми за тоа што точно Lamborghini ќе и претстави на јавноста. Сега пристигна потврда дека станува збор за Lamborghini Sian Roadster.
Италијанската компанија објави тизер фотографија на социјалните мрежи. Фотографијата го прикажува задниот дел од автомобилот и може да се забележи прекрасната нијанса на сина боја во која е финиширано возилото, a моделот очигледно ги има и истите задни перки како моделот Sian FKP 37, заедно со „Realizzata a Santa’Agata Bolognese“ натписот. Вториот тизер ни овозможува поглед кон задниот дел од автомобилот преку затемнета слика. Погледнато од страна, не постојат јасни разлики и промени меѓу Sian Roadster и оригиналниот модел.
The future is here, and it is unlike anything the world may have seen before. Get ready to witness the official unveiling of our latest creation at 6 PM CEST on July 8th, 2020 on https://t.co/4SLPw939p1, and our YouTube channel.#Lamborghini #AheadofItsTime pic.twitter.com/5yEXz5a3Ye
— Lamborghini (@Lamborghini) July 4, 2020
Lamborghini Sian Roadster ќе биде механички идентичен со купето кое својата премиера ја доживеа на минатогодишниот Салон за автомобили во Франкфурт. Моделот ќе продолжи да се напојува со 6,5-литарскиот V12 мотор кој испорачува 774 КС и ќе биде во комбинација со електромотор кој испорачува дополнителни 34 КС, интегриран во седумстепената трансмисија на автомобилот.
Електромоторот се напојува од страна на суперкондензатор кој е три пати помоќен од батерија со иста тежина. Во секој случај, Sian Roadster ќе има комбинирана моќност од 808 КС и ќе може да достигне максимална брзина од 100 километри на час, за помалку од 2,8 секунди, а максималната брзина ќе надминува 350 километри на час.
Со оглед на тоа дека Lamborghini подготвува само 63 примероци од Sian FKP 37, реални се шансите и Roadster моделот да биде подеднакво ограничен.