fbpx

Lamborghini најави нешто што е „пред своето време“ за 8 јули

Lamborghini испрати покана со која повикува на промоцијата на нивната „најнова креација“ која е „пред своето време“, а презентацијата е закажана на 8 јули

Самата покана е кратка со информации и спецификации, но од италијанската компанија уверуваат дека мистериозниот модел е „пред своето време“. Од Lamborghini не наведуваат за што станува збор, но медиумите од Апенините тврдат дека можеби се работи за Sian Roadster или Spyder верзија бидејќи за такво нешто веќе се говореше, но и дека овој модел веќе однапред е распродаден.

Засега не можеме да претпоставиме за што станува збор, но со оглед на слоганот на самиот тизер, може да се заклучи дека најверојатно станува збор за автомобил со хибриден или целосно електричен погон. Инаку, Sian го забележа своето деби на минатогодишното издание на Салонот за автомобили во Франкфурт, а од компанијата го опишуваат како „хибриден супер спортски автомобил“ кој ги комбинира исклучителните перформанси со електрификацијата.

Lamborghini

Sian се напојува со 6,5-литарски V12 мотор кој испорачува 785 КС, во комбинација со електромотор интегрирам во седумстепениот менувач на автомобилот и додава уште 34 КС. Моторот е напојуван од суперкондензатор кој е три пати помоќен од батерија со иста тежина и три пати полесен од батерија која произведува иста моќност.

Овој склоп му овозможува на Sian да има комбинирана моќност од 819 КС, што му овозможува на автомобилот да достигне спринт од 0 до 100 километри на час за помалку од 2,8 секунди. Максималната брзина надминува 350 km/h.

Lamborghini

Lamborghini SCV12 би можел да пристигне следната недела

Секако, не може да се даде гаранција дека мистериозниот модел кој Lamborghini ќе го претстави е Sian Spyder или Roadster, а во последно време италијанската компанија објавува тизери и за својот претстоен SCV12. Станува збор за тркачки хиперавтомобил со V12 мотор кој испорачува повеќе од 830 КС. Моторот доаѓа во комбинација со шестстепен секвенцијален менувач кој ја испорачува моќноста до задните тркала. Lamborghini веќе потврди дека моделот SCV12 ќе биде претставен летово, па не е исклучено моделот да дебитира во текот на следната недела.

Кога станува збор за 8 јули, како што напоменавме, веќе постојат шпекулации дека Lamborghini подготвува верзија на Sian. Но, ќе можеме да се стрпиме уште неколку дена и да видиме што италијанската компанија подготвила за својата презентација.

Поврзани вести

Back to top button