fbpx

Lamborghini продолжува со интензивно тестирање на SCV12

Производот на одделот Squadra Corse на Lamborghini се напојува со најмоќниот V12 мотор кој некогаш е вграден во еден автомобил на италијанскиот бренд

Во одделот Squadra Corse на Lamborghini, каде се задолжени за тркачките активности на италијанската автомобилска компанија, интензивно го тестираат моделот кој се крие зад ознаката Squadra Corse V12, а ќе биде претставен во текот на престојното лето. Тркачката дивизија на Lamborghini сега објави фотографии и видео од тестирањата на SCV12.

Од италијанската компанија стационирана во Сант’Агата Болоњезе велат дека сериски ограничениот SCV12 ќе биде наменет за специјални клиенти кои во своите слободно време сакаат да се упатат на кружните патеки ширум светот, не е исклучено овој и понатаму камуфлиран „attenzione macchina veloce“ да биде еден од автомобилите кои ќе се најдат во новата категорија LMH (Le Mans Hypercar) која во FIA WEC шампионатот (World Endurance Championship) наскоро ќе ја замени досегашната најмоќна категорија LMP1.

Lamborghini SCV12

Продуктот на Lamborghini и Squadra Corse се напојува со 6,5-литарски атмосферски V12 мотор кој го напојува и „цивилниот“ Aventador, но доработениот мотор во улогата која исклучува употреба на јавните патишта развива повеќе од 830 КС, што го прави најмоќниот мотор кој Lamborghini некогаш го вградил во својот автомобил.

Lamborghini SCV12

За пренос на моќноста на задната осовина е задолжен шестстепениот секвенцијален менувач, а на засилените ултралесни 19 и 20 инчни фелни се поставени гуми на Pirelli само за тркачки патеки. Иако е тешко да се забележат повеќе детали од тизер фотографиите јасно е дека најголемиот дел од елементите на автомобилот се направени од карбон, поради што, заедно со аеродинамичките решенија и системот на потпирање, ветуваат високи брзини и во кривините.

Цената не е објавена, но сигурно нема да биде мала. Оние кои ќе можат да си го дозволат ова ремек дело ќе добијат пристап до „мошне ексклузивен клуб“ и ќе бидат поканети да учествуваат во различни возачки програми ширум светот. SCV12 ќе се произведува во Сант’Агата Болоњезе, домот на Lamborghini.

Поврзани вести

Back to top button