fbpx

Lamborghini со тизер видео ја најави новата тркачка „ѕверка“ со V12 мотор

Љубителите на италијанската компанија од околината на Болоња со нетрпение исчекуваат повеќе детали за моделот 830-HP V12

Lamborghini последниве години го следи SUV трендот и во моментов се меѓу водечките компании во продажба на луксузни теренци, но конструкторите не ги заборавија своите корени и производството на моделите кои им донесоа светска слава во светот на авбомобилизмот. „Разјарениот бик“ се враќа во голем стил и повторно ќе се чуе неговиот крик.

Се уште неименуваниот проект смислен минатиот октомври кога Lamborghini за време на финалните трки од Светското првенство Херез ги објави контурите на новиот модел. Автомобилот се развива за потребите на Lamborghini и ќе се користи исклучиво за тркање.

Lamborghini 830-HP V12 припаѓа на категоријата на славните модели Ferrari FXX-K и McLaren Senna GTR. За разлика од споменатите автомобили, кои истовремено се и патнички, новиот Lamborghini нема да се најде на градските улици или на отворен пат.

Со ова, се повторува приказната поврзана за историјата на моделот Sesto Elemento. Само 20 возила беа произведени и сите беа користени во тркачки услови. Додека Sesto Elemento го има моторот од Gallardo, 5,2-литарскиот V10 мотор, се уште мистериозниот модел ќе се напојува со 6,5-литарскиот V12 мотор од Aventador. Неизбежно беше и унапредувањето на перформансите на моторот кој сега има 830 КС и на патеката звучи како неговите славни претходници.

Поврзани вести

Back to top button