НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Деби за Lamborghini Urus на 4-ти декември

Lamborghini потврди и официјално во соопштението за печат дека ќе го покаже своето ново возило, SUV изведбата Urus, на специјална церемонија на 4-ти декември

Lamborghini потврди и официјално дека ќе го покаже своето ново возило, SUV изведбата Urus

Најавениот спектакл ќе се одржи во близина на италијанската фабрика на брендот во Сант Агата Болонезе, каде што новинарите и специјалните гости ќе го видат овој модел за прв пат. Марката веќе потврди дека Urus ќе биде еден од најуспешните модели во својот сегмент. Под хаубата на оваа нова ѕверка од Lamborghini е новата 4.0-литарска V8 единица со моќ од 650 КС. Купувачите исто така ќе можат да изберат и хибридна верзија на Lamborghini Urus. Овој модел ќе стане првиот таков автомобил во историјата на италијанската компанија.

Lamborghini Urus

Амбициите на брендот со Urus се навистина големи – најмалку 1.000 единици мора да бодат пласирани веќе следната година. До 2019 година таа бројка се очекува да порасне до 3.500 автомобили. На овој начин ќе се остварат амбициите на компанијата, за двојно вкупно производство на брендот во однос на сегашните остварувања.Официјалната продажба се очекува да започне во првата половина од следната година, со првата претсериска продажба во Сант Агата Болонезе.

Lamborghini Urus

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker