fbpx

Renault 5 официјално се враќа како ЕВ

Renault ја започна својата Renaulution програма, а по промените најавени за Alpine, на ред дојде и главниот бренд во групацијата

Renault во рамките на својата Renaulution фаза подготвува големи промени за своите брендови, a по промените кои се направени во Alpine, како и најавените новитети од Dacia, на ред дојде и главниот бренд во групацијата. Како што најавуваат од редовите на француската марка, до 2025 година ќе бидат лансирани најмалку седум електрични автомобили, а еден од нив е најавен веќе денеска и ќе ја заземе формата на легендарниот Renault 5, со што се потврдуваат претходните најави.

Renault 5

Суперминито кое беше згаснато во 1996 година повторно ќе оживее со модерен дизајн, а на фотографиите кои францускиот производител ги објави за новото електрично R5 е прикажан прототипот, што значи дека конечната продукциска верзија нема да се разликува многу од овој ретро изглед.

Покрај сето ова, малку во моментов се знае за новиот Renault 5, но шефот на францускиот бренд Лука де Мео истакнува дека ќе биде електричен автомобил „по цена која голем, голем број луѓе ќе можат да си ја дозволат“. Исто така, познати се плановите и за оживување на уште еден легендарен модел, а станува збор за Renault 4, но деталите во овој момент се ограничени.

Renault 5

Освен ова, францускиот производител најави лансирање на 14 нови модели до средината на деценијата, а половина од нив ќе бидат во C и D сегментите. Исто така, групацијата планира да ја претстави и продукциската верзија на Megane eVision Concept во 2022 година со нов инфозабавен систем со вградени Google услуги.

Важно е да се напомене дека компанијата го подготвува и Mobilize подбрендот со четири електрични возила, со мал модели налик на Twizy, Dacia Spring, нов електричен седан и карго комбе.

Поврзани вести

Back to top button