fbpx

Првиот автомобил со камери наместо огледала е веќе на пазарот

Седмата генерација на Lexus ES, која беше презентирана претходно оваа година, стартува со продажбата

Така, тоа е првиот автомобил во историјата на кој надворешните ретровизори се заменуваат со дигитални камери. Разни производители на автомобили експериментирале со оваа технологија повеќе од 20 години, но досега таа се користела само во концептуални модели. Проблемот е што во повеќето земји системот за дигитално огледало се уште е забранет.

Јапонците, сепак, ги направија неопходните промени во законот, па така Lexus ES е првиот автомобил со камери што всушност може да се купи.

Заменувањето на ретровизорите со компактни камери го намалува отпорот, што значи дополнително намалување на потрошувачката на гориво, особено за големите автомобили. Покрај тоа, стандардните огледала го влошуваат погледот на возачот. Во исто време, дигиталното видео кое е емитувано во салонот може понатаму да се обработува и возачот може да види јасно различни објекти. Соодветно на тоа, ова ја зголемува безбедноста.

Првиот автомобил на европскиот пазар со оваа технологија треба да биде електричниот кросовер Audi e-tron. Неговата продажба во Германија требаше да започне овој месец, но компанијата има проблеми со производството, односно потребна е промена на софтверот. Покрај тоа, LG одлучи да ја подигне цената на батериите и во моментот Корејците преговараат со Ауди. Затоа, производството на e-tron е одложено, а истото може да достигне неколку месеци.

Lexus ES

Поврзани вести

Back to top button