fbpx

Lexus го претстави LF-Z електрифицираниот концепт

Lexus LF-Z Electrified Concept е најновата студија на јапонскиот производител кој инкорпорира возачки перформанси, стил и напредна технологија

Со својот најнов концепт наречен LF-Z Electrified Concept, компанијата Lexus го најавува новиот стајлинг, напредната технологија и унапредените перформанси кои производителот ќе ги реализира до 2025 година. Концептот е поставен на платформата наменета за батериски возила која ја користи DIRECT4 технологијата за контрола на погонот на сите четири тркала, искористувајќи ја моменталната реакција на силата на електричниот мотор за слободно управување со тркалата на концепто. Од Lexus велат дека оваа технологија ја контролира дистрибуцијата на моќност низ тркалата и може да функционира во конфигурации на погон на предните, задните или сите четири тркала.

LF-Z

Lexus LF-Z Electrified Concept дава увид во еволуцијата на дизајнерскиот јазик на производителот. Со силуета која потсетува на купе кросовер, предниот дел на концептот се одликува со итерација на препознатливата решетка на брендот која е затворена со оглед на тоа дека станува збор за целосно електрично возило.

Кога ќе се погледне од страна, кратките надвиснувања на возилото се веднаш впечатливи, исто како и големите тркала, кои се карактеристични за концептни возила како ова. Задниот дел на LF-Z Electrified Concept е особено интригантен со оглед на тоа дека содржи комплексна LED светлечка низа и трето стоп светло позиционирано вертикално на браникот.

Lexus вели дека ентериерот на возилото е дизајнирано околу Tazuna концептот, што е јапонски за узди. Со оглед на тоа, инспирацијата е земена од врската меѓу коњот и неговиот јавач, па оттаму и управувачот е во форма на јарем, придружуван со комплексниот head-up екран.

Lexus ги најави и своите планови за иднината

Покрај премиерата на LF-Z концептот, Lexus исто така го најави и својот план да претстави 20 нови или унапредени модели до 2025 година. Над 10 од нив ќе бидат електрифицирани, вклучително и целосно електрични, plug-in хибридни и традиционални хибридни возила, зависно од потребите за конкретните земји и региони ширум светот.

Lexus е посветен и на проширување на својата седан и SUV постава и исто така ќе цели за „можноста за лансирање на спортски модели кои ќе продолжат да нудат забава при возењето. Исто така ќе лансираат и нов модел кој „го редифинира концептот за поседување на шофер“ и ќе лансира модели во нови „жанрови кои никогаш претходно не постоеле“.

Јапонскиот производител има за цел да понуди електрични варијанти на сите свои модели до 2025 година и сака продажбата на ЕВ да ја надмине онаа на бензинските модели до тој датум. До 2050, Lexus исто така планира да достигне карбон-неутралност во животниот циклус на целиот свој опсег на мдоели, вклучително и производството на материјали, делови и возила, логистика и финално отстранување и рециклирање на постарите возила.

Поврзани вести

Back to top button