fbpx

Lexus ќе го покаже целосно електричниот производен модел

Lexus конечно во светот на електричните возила со својот прв производ, кој ќе дебитира во Кина на 22 ноември

Луксузната дивизија на Toyota, Lexus ќе лансира целосно нов електричен модел во Кина и Европа, кој официјално ќе го претстави на интернационалната автомобилска изложба Гуангжу 2019 во Кина.

„Специјално изработени за да одговараат на потребите на публиката во Кина и Европа, ова дополнително ја унапредува желбата на брендот да понуди портфолио на електрифицирани погонски избори за разновидната публика низ целиот свет“, рече Lexus во краткото соопштение за медиумите.

Јапонскиот производител со електрифициран концепт LF-30 веќе ги увиде реакциите на клиентите. И покрај „електрифицираното“ име, тој не е хибриден или plug-in хибриден модел, туку електрично возило со електрични мотори монтирани на секое тркало што, во комбинација, обезбедува излез од 536 коњски сили.

Во зависност од условите на патот или преференците на возачот, автомобилот може да користи погон на предните, задните или сите четири тркала. Тој исто така е опремен и со неколку нови технологии, како безжично полнење, систем за само-паркирање и др.

Поврзани вести

Back to top button