fbpx

Вечерва се доделувањата на наградите Златно тркало(линк)

Прогласувањето на победниците од Изборот за Најпосакуван Автомобил во Македонија е вечерва, а овде можете да го следите во живо

Автомобилските ентузијасти, фанови и обични љубители ги избраа најпосакуваните автомобили за минатата година во нашата земја. Првото издание на „Златно Тркало“ забележа успешен почеток и е најава за една нова, интересна приказна на македонската автомобилска сцена.

 

Откако веќе беа прогласени победниците, на ред дојде и доделувањето на наградите. Доделувањата првично требаше да се одржат во април, но поради веќе добро познатата здравствена криза во светот, а со тоа и кај нас, се одложување, за да конечно вечерва (21 октомври, 20:00 часот) истиот се одржи во ресторанот Рагуза 360 под строги протоколи и минимално присуство на претставници од индустрија. На настанот ќе бидат присутни лауреатите во секоја од категориите, како и главниот победник, а целиот настан ќе можете да го проследите во живо овде и на официјалниот фејсбук профил на „Златно Тркало“ (ЛИНК).

За да видите кои беа победниците, како и доделувањето на златните статуетки, бидете пред вашиот уред со пристап кон интернет и следете не. Водител на настанот е актерот Жарко Димоски.

 

Поврзани вести

Back to top button