fbpx

Британците се „разбудија“ по 25 години

Британската компанија Lister Motor Company, порано позната како Lister Cars, го најави својот прв нов модел за 21 век

Супер изведбата се нарекува Thunder (Грмотевица) и ќе дебитира на шоуто Historic Motorsport International, кое ќе се одржи во Лондон од 15 до 18 февруари.

За Lister Motor Company, ова е првиот модел по 25 години. Всушност, тој претставува модернизирана верзија на Jaguar F-Type SVR. Особено за автомобилот е развиен нов преден браник. Тој е направен од карбонски влакна и е опремен со масивен преден сплитер. Автомобилот, исто така, има нов капак со дупки за вентилација, заден браник од јаглерод и поинаква решетка на ладилникот.

Lister

Под предниот капак на Thunder е 5.0-литарски V8 со компресор чија моќност е зголемена од 575 до 675 КС. Максималниот вртежен момент, исто така, се зголеми од 700 до 976 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,2 секунди (3,7 секунди за стандардниот F-Type SVR) и до 160 km/h за 6,8 секунди. Максималната брзина е 335 km/h.

Lister

Lister Motor Company има намера да направи 99 единици oд возилото.

Трошоците за секоја машина ќе бидат 139.950 британски фунти. Освен тоа, компанијата нуди и специјална програма за сопствениците на модел на Jaguar, која вреди 19.950 фунти.

Поврзани вести

Back to top button