Логото на Mercedes слави еден век постоење
Логоата се повеќе од само ознака на една компанија, тие служат и како идентитет на еден бренд, а доказ за тоа е и Mercedes-Benz
На 5 ноември 1921 година, Daimler-Motoren-Gesellschaft компанијата аплицираше за својот прв патент на логото кое останува препознатливо до ден денешен. Трикраката ѕвездичка го слави својот 100-ти роденден овој месец. Иако постоеја варијации во текот на изминатиот век, клучните елементи се се уште тука. Ако видите прстен со трикрака ѕвезда во него, тогаш знаете во што гледате.
Компанијата Daimler-Motoren-Gesellschaft на 5 ноември 1921 година побара заштита на амблемот кој се уште го користи и денес. Но, претходно, ѕвездата била присутна околу една деценија, но не била поставена во прстен се уште. Сепак, брендот кој го знаеме како Mercedes-Benz нема да настане до 1926 година, пет години откако е побарана заштита на авторските и интелектуалните права.
https://youtu.be/kRHwglTFtd4
Трикраката ѕвезда како лого на автомобилите се користела уште од 1909 кога, по смртта на Gottlieb Daimler во 1900, неговите синови се сетиле како основачот на компанијата додавал ѕвездичка на поштенската разгледница покажувајќи го семејниот дом во годините пред тоа.
S Класата ја чува традицијата
Спојувањето на DMG и Benz & Ce во 1926 година донесе мала измена на логото. Трикраката ѕвезда беше обрабена со ловоровиот венец на Benz. Тогаш настанува сега веќе иконската ѕвезда на хаубата, која оттогаш е на сите возила на Mercedes-Benz. За оние кои не знаат, трите крајни точки на ѕвездата имаат моќно значење. Тие ја симболизираат целта на Daimler за моторизирање на копнени, морски и воздушни возила. Исто така, вреди да се напомене дека имало и четирикрака ѕвезда регистрирана во 1921 година, но таа ќе се користи од страна на Deutche Aerospace Aktiengellschaft во 1989 година, сега позната како Daimler-Benz Aerospace.
Со оглед на моќта која оваа ѕвездичка на логото ја поседува, тешко дека би можеле да видиме некаква промена во блиска иднина. Со оглед на ова, класичниот аранжман на орнаментот ќе биде дел и од идните модели на Mercedes-Benz.
W206 C-Класата повеќе ја нема ниту како опција во Европа, но кинеската верзија со продолжено меѓуоскино растојание се уште ја поседува. Со E-Класата е слично во САД, но европските купувачи можат да ја добијат со избирање на Exclusive линијата на екстериерот. Единствените Mercedes-Benz модели кои се уште го имаат орнаментот на хаубата се S-Класата, Mercedes-Maybach S-Кластата и Mercedes-Maybach GLE.