Лондонските автобуси се движат на … кафе!

Дел од познатите лондонски автобуси / даблдекери / се движат со гориво создадено од мешавина на нафта и масло добиено од употребено кафе

Ова е прв случај во кој биогориво добиено од кафе талог се користи во системот на јавниот транспорт според BBC.

Од кафе-отпадот, особено патентирана технологија, се извлекуваат 15-20% од содржано во нив масло, а остатокот од грутки лесно се елиминира со спалување. Добиеното масло се додава во нафтата. Според податоците на Британската асоцијација на кафето, во земјата секојдневно се пијат 55 милиони чаши што прави годишно околу 200.000 тони кафе-отпад. Со оваа технологија работи британската стартап компанија Bio-bean, создаден од трговецот Артур Ки.

Компанијата Bio-bean собира користен талог од кафе од повеќе места, како и од фабриките за инстант кафе тип Nes и во сопствените погони го прави потребниот производ. Артур претпоставува дека за едногодишната работа на еден автобус е потребно да се испиени околу 2,55 милиони чашки кафе. Досега компанијата Bio-bean веќе изработила 6.000 литри кафе-масло за додаток во дизел горивото.
Биогориво произведено од отпад на обработени прехранбени производи, како маслото за јадење и месни масти, веќе успешно се користи во повеќе од 9.500 автобуси кои сообраќаат низ Лондон, но кафето како додаток се применува за првпат. Годишно во Лондон се превезуваат над две милијарди патници со автобуси.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close