fbpx

Lotus Elise добива ограничена Heritage Edition верзија

Четири нови ограничени верзии на Lotus Elise ќе пристигнат ова лето, а секој од овие модели ќе претставува „омаж“ за мотоспорт историјата на компанијата

Lotus ги покажа специјалните верзии на моделот Elise, а секоја од нив има специјални класични бои (livery) кои потекнуваат од славниот период на трките на оваа компанија. Исто така, содржат и стандардна опрема во однос на основниот Elise Sport 220 на кој што се базирани. Промени на шасијата и моторот нема, така што 1,8-литарскиот четирицилиндерски мотор со суперполначи развива 217 КС.

Ќе бидат произведени вкупно 100 примероци од овие четири верзии за претходно избрани меѓународни пазари, а купувачите ќе можат да изберат некои од четирите комбинации на бои. Секој автомобил ќе има и уникатна плочка со бројот интегриран во арматурната плоча.

Сите бои потекнуваат од успешните периоди на Lotus во Formula 1, односно од Lotus 72D кој Емерсон Фитипалди го возеше и оствари пет победи, додека комбинацијата на црвена, бела и златна боја е преземена од шампионскиот болид Type 49B од 1968 година со кој управуваше Грем Хил.

Комбинацијата на сина, црвена и сребрена боја потекнува од болидот Type 81 од 1980 година кој кратко го возеше Најџел Мансел. Четвртата комбинација ја сочинуваат сина и бела боја кои ги имаше болидот Type 16 од 1960 година, а тоа воедно беше и првиот болид на Lotus кој остварил пол позиција и победа на трка. Тој болид го управувал сер Стирлинг Мос на трката за Големата награда на Монако.

Секој Lotus Elise Heritage Edition доаѓа со DAB дигитално радио со четири звучници, темпомат, клима уред, лесни алуминиумски фелни и црн тапацир и патосници. Шемата на боите во внатрешноста одговара на екстериерот.

Lotus Elise

Основната цена на секоја верзија изнесува 46.250 фунти, а постојат и опции како што се тврд покрив од фиберглас, издувен систем од титаниум и друго…

Поврзани вести

Back to top button