НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Lotus планира да лансира три нови модели

Lotus претстави план за развој на новата гама на британската марка, а како што и се претпоставуваше, ќе биде финансирана од новиот сопственик на компанијата - кинескиот гигант Geely

Ова беше потврдено од страна на шефот на Lotus, Жан-Марк Гејлс за магазинот Car Lot. Според него, до 2020 година, Lotus ќе лансира два нови спортски модели, кои ќе бидат првите целосно нови автомобили од премиерата на Evora во 2009 година. Во 2021 или 2022 ќе го видиме и првиот SUV модел на компанијата, за кој се појавија информации пред три години.

Сеуште нема многу информации за новите спортски модели на Lotus, но се претпоставува дека едниот ќе ја замени Evora или Exige, а вториот ќе биде позициониран над Evora. Во вториот случај станува збор за автомобил за секојдневниот живот, кој сепак ќе биде подготвен и за возење на патека и ќе се произведува во ограничена серија.

1 | Lotus
2 | Lotus
3 | Lotus

    Што се однесува до SUV моделот, во Lotus планираат да создадат вистински ривал на Porsche Macan, а не е исклучено погонот на новиот модел да биде доверено на 1.8-литарски 4-цилиндерски мотор со турбо и на 3.5-литарски со шест цилиндри, кои ќе доаѓаат од Toyota. Со новите модели, производството на Lotus треба да достигне до продажба на 3.000 автомобили годишно.

    Во 2017 година, Lotus забележа само 1.600 продажби, што е 13% повеќе отколку во 2016 година.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Може и ова да ви се допадне

    Close
    Back to top button
    Close