fbpx

Macan генерира половина од продажбата на Porsche во 2017

Porsche објави дека со 246.375 продажби во текот на изминатата година, компанијата забележа раст во реализацијата од 4% во однос на 2016

PorscheГлавниот “виновник” за подобрување на пазарната претставување на Porsche е новата Panamera, чија побарувачка е зголемена за 83% во однос на претходната година.

Со раст може да се пофали и семејството 718 (+ 6% до околу 25.000 единици), а 911 имаше стабилна година со повеќе од 32.000 единици. Најдобро продаваниот автомобил на Porsche во 2017 година, сепак повторно е Macan, а реализација на моделот е зголемена за 2% до ниво од над 97.000 единици.

Во однос на продажбата на главните пазари, Porsche забележа раст од 2%, до 80.262 единици во Европа (-3% во Германија), + 3% во Америка (+ 2% само во САД) и 10%, или 71 508 возила во Кина.

Porsche

 

Поврзани вести

Back to top button