fbpx

Lotus со промена на своето лого

Под кинеска сопственост, како една од промените на британскиот автомобилски производител е и измената во дизајнот на логото

Последните 71 години, производителот на спортски автомобили ги гради своите рачно-изработени модели во Хетел, Англија, и секој изграден Lotus во тој седум-децениски распон се придржуваше до филозофијата за „поедноставување и олеснување“ на основачот Колин Чепман.

Но, откако Lotus стапи под кинеска сопственост, работите многу брзи се менуваат. Прво, на сцена настапи новиот целосно електричен хиперавтомобил Evija, со моќност од околу 2000 коњски сили, а сега Lotus одлучи дека е време оваа промена да го зафати и веќепостоечкото лого.

Lotus

Обликот на новото лого е многу сличен на претходното, со четвртина круг со заоблени ќошеви, позициониран во поголем жолт круг, а променет е и фонтот на буквите со цел да се добие нов изглед. Буквите ACBC кои се иницијали на основачот на компанијата, Ентони Колин Брус Чепман, добиваат исто така променет фонт, а завршетоците во хромирана боја се целосно исклучени.

„Погледнавме назад кон оригиналниот изглед на Лотус и размислувавме за филозофијата на Колин Чепман – да ја поедноставиме и додадеме леснотијата“, изјави Симон Клер, извршен директор на компанијата. „Ние го применивме тоа за да создадеме нов круг, со што ја земаме тежината од буквата и го адаптиравме растојанието. Исто така, го исправивме зборот „Лотус“, така што е во согласност со ознаката „Лотус“, додаде тој.

Lotus

Поврзани вести

Back to top button