fbpx

Луѓето нема да се откажат од поседување автомобил

Првиот човек на Renault, Карлос Гон, е уверен дека луѓето нема да се откажат од тоа да поседуваат автомобили, покрај сериозната офанзива на услуги за споделување на автомобили од различни компании, на пример како што е Uber

Продажбата на автомобили во светот продолжува да расте, а алтернативните форми на мобилност и понатаму имаат минимално влијание врз овој раст, покажуваат статистичките податоци.

автомобил-Многу луѓе мислат дека овие форми на споделување на автомобили ќе ја заменат сопственоста, но тоа нема да се случи, барем не во блиска иднина. Новите форми се само додаток на современите трендови, рече Гон на конференцијата The Year Ahead, организирана от телевизијата Bloomberg, во Њујорк. – Традиционалниот начин на производство и продажба на автомобили е бизнис кој и натаму ќе продолжи да се развива. Барањето на нови автомобили на развиените пазари како САД, Европа и Јапонија се стабилизира, но продажбата на нови изведби има неверојатен потенцијал на пазарите во развој, како Кина, Бразил и Индија.

Продажбата на нови автомобили во светот се проценува на два трилиони долари годишно и засега се оди во прилог на она што го кажува Гон, но многу аналитичари се согласуваат дека овој бизнис ќе почувствува одредени турболенции со развојот на услугите за споделување на автомобили, кои се очекува да добијат силен поттик со појавата на автономните автомобили.
Токму така, со свој став на оваа тема се произнесе на истата Конференција, еден од шефовите на Uber, Џеф Холден, кој смета дека индивидуалната сопственост на автомобилите ќе изумре, бидејќи е неефикасна.

автомобил

-Дури и крајно неефикасна, категоричен е Холден. – Еден сопственик го користи својот автомобил само 4% од времето, но доколку го споделува автомобилот, истиот може да помине 80 или 90% од времето во движење. Кога станува збор за такво користење на автомобилот, цените почнуваат сериозно да паѓаат. Зошто некој би сакал да поседува автомобил во тој случај? Тоа може да биде само од хоби?!

Поврзани вести

Back to top button