fbpx

Lynk & Co покажа слики од производниот 05 кросовер

Брендот на Geely, Lynk & Co ги објави првите официјални слики од својот нов купе кросовер

Очекувано да го носи името 05, новиот модел ќе дебитира во Кина во првата половина на 2020 година, приклучувајќи се на веќе достапните кросовери 01 и 02, 03 седан, како и на претстојниот 04 хечбек.
Како што досега нè навикнаа Lynk & Co, името на моделот не е повикување за неговата големина, туку за неговиот тајминг за лансирање, тоа ќе биде петтиот модел на компанијата. Технички гледано, 05 е „купе“ верзија на SUV 01.

Фотографиите објавени од кинескиот производител на автомобили откриваат познат дизајн на предниот дел на кој се наоѓа добропознатата решетка и светлосни единици. Она што повеќе нè интересира е страничниот поглед кој открива наклон на покривната линија, како и интересен третман на Ц-столбовите. На задниот дел, кросоверот усвојува хоризонтални светла со специфичен LED-потпис, како и агресивен браник со дифузер и две излези од издувниот систем.

Lynk & Co

Како и со остатокот од младата постава на Lynk & Co, 05 е изграден на платформата CMA ко-развиена од Geely и Volvo. Со 4.592 mm, моделот е малку подолг од SUV 01, но има исто меѓуоскино растојание од 2.734 mm.

Сè уште не се објавени детали за погонот, но се очекува кросоверот да добие 1,5 литарски турбо мотор со 177 КС и 2,0 литарски со 251 КС. Треба да бидат достапни и AWD и хибридни верзии.

Поврзани вести

Back to top button