fbpx

Технолошките трендови од индустрискиот сектор се собираат во Бугарија од 15 до 18 април

Гигантите за сечење метал - MachTech & InnoTech Expo 2019

Тие ги вклучуваат најсовремените технологии кои се во срцето на многу индустриски продукти. Тоа се машини со импресивна големина. Ќе можете да ги видите за помалку од една недела во Интер Експо Центарот во Софија, каде на 15 април почнува меѓународниот саем MachTech & InnoTech Expo 2019.

Подготовките се интензивни. Најголемите машини веќе ги окупираат халите на изложбениот комплекс. Оваа година се приклучија повеќе од 190 учесници од Бугарија, Турција, Италија, Германија, Полска, Унгарија, Романија, Австрија, Чешка и Грција. На површина од 10.000 m² ќе бидат поставени последните генерации на машини, 3D печатари, роботи и коботи, специјализирани алати и технологии.

Клучната комбинација на “висока технологија”

Во нашата прелиминарна турнеја невозможно е да не се забележи огромениот и иновативен TruLaser 5030 fiber, презентиран од Trumps Бугарија. Продуктивната машина е ласер од новата генерација и нуди економично решение за обработка и висок квалитет на деталите дури и при сложени контури, со скратување на оперативните трошоци.

Тука се и технолошките решенија ARAMET кои ги претставуваат ERMAKSAN. Меѓу нив е машината FIBERMAK HAWK (Fiber Laser Cutting Machine), како и богат спектар на хидраулични преси.

Професионалната бизнис платформа MachTech & InnoTech Expo 2019 ќе биде местото на кое МАВВИ ќе го претстави иновативниот ласер LT7. Машината ги поставува темелите за следната генерација машини за обработка на метали. Меѓу неговите карактеристики, ние ја забележуваме способноста за 3D сечење. Посетителите, исто така, ќе се запознаат со електрично-хидрауличниот ABC Quickbend 28/1000 од Асив-51.

На изложбата ќе ги видиме и можностите на 2D ласерската машина, презентирана од BAYER Бугарија, која се применува во многу индустрии, поради квалитетите на персонализација на флексибилна ласерска технологија. Компанијата DANAL ќе ги презентира предностите на дисковите за сечење метал произведени во Јапонија. Производот е дизајниран да се справи со материјали кои се најтешки за ракување.

За потребите на обработката на метал, EDM GROUP ќе ни презентира модел на електро-ерозивна машина AL 400SA. Со компактна конструкција и ергономски дизајн, вградените линеарни мотори ги подобруваат перформансите и го намалуваат триењето.

Новата преса од EG серијата на AMADA, EG4010, опремен со патентиран Amada DSP погонски систем ги комбинира прецизноста, ефикасноста и ергономијата. Оваа технологија е дизајнирана да ги задоволи потребите на индустријата за да свитка мали делови со висока прецизност, ефикасност и сериозно намалување на трошоците за производство.

MachTech & InnoTech Expo 2019

Роботизирана и последната генерација

Роботите се во центарот на следната генерација работна средина која ги комбинира компјутерите, вештачката интелигенција и информатичката технологија. Машините од последната генерација се во фокусот на презентацијата на BIMEX. Меѓу нив е Mazak QT200MSY, роботот за заварување BA006L. Импресивен е и стругот SWISS TYPE CITIZEN A20 на компанијата RAIS.

Интуитивни со заштеда на енергија

Cobot. Овој збор сигурно ќе биде меѓу најчестите во блиска иднина. На Cobot HCR-5, кој му овозможува на лицето да се фокусира на задачи кои бараат субјективност и креативност, ќе го претстави ATON MI. Роботите од овој тип имаат интуитивен софтвер кој лесно може да се управува од страна на само еден контролор.

Proxys Saan E-Brake 100-3100 Premium е комбинација на оптимални решенија и максимални резултати, кои потрошувачката на енергија може да ја намалат за 50%. Масивниот FANUC ROBOSHOT α-S450iA постигнува подобро забрзување, висока прецизност на движењето и брзо производство на големи количини на квалитетни детали.

MachTech & InnoTech Expo 2019 ја зема во предвид високата технологија што го опфаќа индустрискиот сектор. Роботизирањето и автоматизацијата создаваат услови за нови насоки на развој. Интегрален дел од овој процес се професионални и деловни пристапи кои овозможуваат на заинтересираните од секторот да ги следат изложбите од 15 до 18 април во Интер Експо Центар во Софија. За подетални информации посетете ја страната machtech.bg.

MachTech & InnoTech Expo 2019

Поврзани вести

Back to top button