Mahle со прототипен 48 V батериски систем

Mahle Powertrain го претстави новиот 48 V батериски прототип наменет за благите хибридни возила

Прототипниот систем на Mahle се карактеризира со зголемено ниво на полнење и празнење што може да понуди значителни заштеди благодарение на оптимизираното ладење на батериите и хемијата на ќелиите. Со максимализирање на нивната обновена енергија, благите хибридни системи можат да станат многу поефикасни, а според Mahle, нивниот прототип овозможува заштеда на гориво меѓу 12 и 15 проценти.

„Благите хибридни возила треба да ја обноват енергијата ефикасно и со релативно голема моќност за време на сопирањето. Висок капацитет за складирање не е потребен за овие апликации, бидејќи обновената енергија може да се распореди во текот на следното забрзување. Така, пожелна е компактна и економична батерија која е способна за високо ниво на напојување и празнење во однос на неговиот капацитет на складирање.“

Mahle

Бидејќи не може да се најде соодветна компактна батерија со ниска цена, која ќе може да се справи со потребните циклуси на надополнување и празнење кои вклучуваат големи струи, Mahle реши да развие своја. Користењето на LTO хемија во одредени ќелии овозможува континуирано полнење/празнење со стапки од 10 kW со максимални 20 kW за кратки периоди, сето тоа од акумулатор со капацитет од само 0,5 kWh.

Компанијата започна со тестирање на својот прв прототип, со цел да потврди дали батеријата може да ги исполни нивните цели и очекувања поврзани со изведбата. Првите резултати покажува дека сите температури во пакетот „остануваат во прифатлив опсег на континуирана стапка на празнење од над 10 kW“ и дека конфигурацијата е навистина способна за врвни нивоа на моќност од над 20 kW.

Следниот чекор ќе биде вградување на прототипниот системот во Mahle 48V eSupercharged демонстраторното возило.

Mahle

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close