Мак Аутостар го донесе Cyclon

Македонскиот импортер на Mercedes-Benz и Mitsubishi Motors стана генерален дистрибутер и на моторното масло Cyclon

Мак Аутостар, познатата компанија импортер на Mercedes-Benz и Mitsubishi Motors, која во изминативе 2 години ја прошири дејноста во делот на продажба на резервни делови за сите марки патнички, комерцијални и тешки товарни возила, од неодамна стана генерален дистрибутер на моторното масло Cyclon.

Брендот Cyclon беше претставен во новиот Премиум Бизнис Центар на Мак Аутостар пред повеќе од 80 фирми, а за забавниот дел се погрижи популарната поп пејачка Викторија Лоба.

Cyclon

„Како што соодвествува на брендот, и во овој дел на бизнисот (популарно наречен Афтер-маркет), Мак Aутостар соработува со странски компании, претежно производители чија главна карактеристика е квалитетот и гаранцијата за производот. Добрата логистика, пристапните цени, навремена испорака и комуникацијата со купувачите се одлики со кои Макаутостар континуирано го зголемува бројот на коминтенти односно корисници на неговите услуги на полето на Афтермаркет работењето“, изјави Димитар Џеков, директор за резервни делови во Мак Аутостар.

Cyclon е светски реномиран бренд за лубриканти со висок квалитет и е во сопственост на компанијата „Lpc“, која, пак, е 100% подружница на Групацијата „Motor Oil Hellas“, која поседува сопствени рафинерии за нафта. Исклучителните достигнувања на Cyclon не се признаени само од Mercedes-Benz, туку и од други автомобилски брендови, а во исто време Cyclon  е снабдувач на американската војска, како и на силите на НАТО.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close