fbpx

Македонска премиера за BMW 2 Active Tourer

По светската премиера во октомври минатата година, новата Серија 2 Active Tourer на BMW дебитира и во Македонија

BMW ја освежи Серија 2 Active Tourer, а овој модел сега пристигнува со нов, одважен дизајн. Светската премиера беше одржана во октомври минатата година, додека лансирањето на пазарот беше во февруари годинава, за сега да пристигне и на македонскиот пазар.

Новата Серија 2 Active Tourer пристигнува со повисоката хауба и масивната предна решетка, која станува препознатлив знак за новата дизајнерска насока на BMW. Тука се новите елегантни LED фарови и вертикалните воздушни отвори. Во однос на претходниот модел променети се и рачките на вратите, а се истакнуваат и потенките задни столбови.

Задниот дел добива потенки LED светла во однос на претходно, а тука е и задната врата која има поистакната форма. Моделот е поставен на 16 или 17-инчни тркала, но купувачите ќе можат како опција да изберат и тркала со големина од 19 инчи.

Врвна изработка на ентериерот

Во ентериерот ќе има помала разлика без оглед на избраното ниво на опременост. Изработката е со материјали од висок квалитет, а севкупниот дизајн е помодерен од претходно. Пред возачот се наоѓа новиот заоблен BMW екран кој е ист како кај електричниот iX.

BMW Серија 2 Active Tourer

Кај Серија 2 Grand Tourer најважниот дел е пространоста, а задните седишта можат да се поместуваат до 130 милиметри. Уште поважно, капацитетот на багажникот се зголемува за 90 литри, со оглед на тоа дека капацитетот е до 470 литри зад задните седишта. Доколку ова не е доволно, седиштата се поклопуваат за да се зголеми просторот на 1.455 литри.

Четири моторни опции

BMW ќе понуди четири мотори во опсегот. На почетокот се наоѓа 1,5-литарскиот турбо трицилиндерски мотор со 136 КС и 230 Nm во комбинација со седумстепен Steptronic менувач со двојна спојка. Следува верзијата со 156 КС и 240 Nm, a понудата со бензинците завршува со 2,0-литарскиот турбо четирицилиндерски мотор од 204 КС и 320 Nm. Честа на дизелите ја брани 218d со 2,0-литарскиот турбо дизел четирицилиндерски агрегат со 150 КС и 360 Nm максимален вртежен момент. Сите мотори се во комбинација со седумстепениот менувач со двојна спојка.

Две нови plug-in hybrid верзии ќе се приклучат на серијата неколку месеци по претставувањето. Кај нив за првпат ќе биде вклучена BMW eDrive технологија од петтата генерација, која ја зајакнува динамиката и им дава значително подолг електричен опсег.

BMW Серија 2 Active Tourer

На македонскиот пазар почетната цена на освежената BMW Серија 2 Active Tourer изнесува 37.000 евра. За повеќе информации посетете го продажниот салон на BMW во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button