ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Мал број на модели, а не на полначи, сопирачка за електромобилите?!

Продажбата на електрични возила во Европа не ја успорува малиот број на станици за полнење и недоволно разгранетата инфраструктура, како што особено сакаат да потенцираат производителите, туку на изборот на мал број на модели на пазарот

Ова го тврди студијата и испитувањето на енергетските компании на Стариот континент, кои сметаат дека во моментов има сосема доволен број на полначи во однос на возилата кои се сообраќаат на патиштата во Европа. Имено, на континентов во моментов се продаваат над 400 модели кои користат традиционално гориво, а само 20 електрични.

Проблемот на изборот велат експертот ќе се реши дури по две до три години кога голем број производители најавуваат вистинска инвазија на нови модели на електрични возила на пазарот. Европа треба да очекува мегу 30-40 новитети на ова поле.

полначи

Е, тогаш ако нема доволно разгранета мрежа може да се случи да дојде до непосакувани проблемми, а во моментов анализата која ја направи Платформата за електромобилност, чии членки се Tesla, Renault-Nissan, Siemens и Alstom, покажува дека има доволно станици за полнење во Европа.

Имено, во земјите на ЕУ постои полнач на секои шест автомобили, што е скоро двојно повеќе отколку што препорачува Европската комисија-еден полнач на десет возила. Доколку се продолжи со ова темпо на отворање на станици, на основа на плановите на европските влади, до 2020 година би требало на патиштата на континентот да имаме стандарден полнач на секој 40 километри.

Согласно најавите од Брисел до 2025 година на секој 65 километри би имале и по еден брз полнач.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close