fbpx

Manhart подготви моќен MH5 800 пакет за BMW M5

Тјунерската компанија Manhart подготви нов пакет на унапредувања наменети за BMW М5 кој го добива името MH5 800 и носи неверојатни перформанси

Компанијата Manhart нуди тјунирани F90 M5 модели уште од 2018 година во форма на MH5 700, но инспирирани од освежената верзија на M5 за 2021 година и M5 CS, тјунерскатa куќа го најави новиот и уште помоќен MH5 800. Благодарение на модификациите направени на 4,4-литарскиот V8 агрегат, истиот сега испорачува 815 КС и 1.050 Nm максимален вртежен момент. Ова е за 189 КС повеќе од M5 Competition и 179 КС повеќе од најмоќниот фабрички M5 CS.

Сето ова е постигнато благодарение на турбо перформансниот кит, интеркулерот, карбонскиот отвор за воздух, новиот издувен систем, ECU ремапирањето на Manhart, а и 8-степениот автоматски менувач исто така е унапреден со цел да го поддржи зголемениот максимален вртежен момент, кој е за 300 Nm поголем од стандардното издание. Компанијата не откри спецификации за перформансите, но сигурно е дека MH5 800 е побрз од M5 Competition, кој забрзува од нула до „стотка“ за 3,3 секунди и има максимална брзина од 305 километри на час.

Новиот издувен систем на Manhart вклучува Race издувни цевки без каталитички конвертер, OPF заменлив втор катализатор од нерѓосувачки челик и заден придушувач со контрола на вентили од нерѓосувачки челик. Четирите издувни завршетоци опционално се нудат со карбонска или керамичка прекривка.

Manhart MH5 800 BMW M5

Покрај моторот и издувот, Manhart го унапреди и системот на потпирање со подесувачки H&R опруги кои нудат унапредено управување.

Карбонски аеро кит за екстериерот

Иако официјалните фотографии кои ги објави Manhart го прикажуваат BMW F90 M5 пред фејслифтот, унапредувањата исто така се достапни и за поновиот модел. Визуелните модификации се дискретни, а најочигледниот додаток се 21-инчните Manhart Concave One тркала од лесна легура финиширани во мат црна боја.

Manhart MH5 800 BMW M5

Тука е и карбонскиот аеро кит кој вклучува спојлер, странични прагови, капаци за ретровизорите и дифузер од карбон, како и опционална карбонска хауба. За овој конкретен пример, Manhart избра мет црвена металик боја во комбинација со црни ленти и странични црни натписи. Во внатрешноста се наоѓа „небесниот покрив“ со LED светленца по примерот на Rolls-Royce, како и изобилие на карбон трим кој се наоѓа на контролната табла, управувачот и лопатките за менување на брзини.

Manhart MH5 800 BMW M5

Вкупниот трошок за овие унапредувања од страна на Manhart изнесува 46.045 евра, покрај трошокот за оригиналниот донаторски автомобил. Ова вклучува 15.795 евра за унапредувањата на моторот, 10.485 евра за издувниот систем, 3,324 за тркалата и суспензијата, плус 15.472 за комплетниот сет на визуелни модификации.

Поврзани вести

Back to top button