fbpx

Manhart подготви тјунинг пакет за Defender

Сопствениците на новиот Land Rover Defender кои сакаат својот теренец да го опремат со поуникатен изглед и да добијат поголема моќност, добиваат решение од Manhart

Германската тјунерска куќа Manhart одлучи да му даде сопствен шмек на Land Rover Defender. Manhart e последниот во низата афтермаркет специјалисти кои работат на унапредување на британскиот SUV, а во овој случај, третманот кој е подготвен се однесува на конвенционалните патишта, наместо унапредување на „оф-роуд“ способностите.

Големиот теренец сега е поставен на масивни 24-инчни тркала со сив финиш, кои се обложени со 295/30 ZR24 пневматици. Освен тоа, Manhart нуди 22-инчни тркала од лесна легура со цел да се зачуваат „оф-роуд“ карактеристиките по кои Defender е познат.

Со цел да создаде простор за поголемите тркала, тјунерот ги зголеми сводовите страничните сводови над истите, а притоа го модифицираше и воздушниот систем на потпирање за 30 милиметри помал клиренс, за подобар визуелен приказ. По ова, Manhart го насочи фокусот кон кабината каде користи изобилие на кожа и Алкантара.

Manhart Defender

Германскиот тјунер исто така го модифицираше и 3,0-литарскиот шестцилиндричен мотор кој се наоѓа под хаубата на P400 моделот. Со едноставно ремапирање на софтверот, моќноста е зголемена на 519 КС и 710 Nm максимален вртежен момент, со што истата е приближна на онаа на 5,0-литарскиот V8 модел претставен претходно оваа година.

Како додаток на унапредениот мотор ќе биде вградувањето на специјалниот издувен систем од нерѓосувачки челик со керамички прекриени завршетоци, а Manhart како опција нуди и унапредени сопирачки.

Поврзани вести

Back to top button