Mansory направи „Бетмобил“ од Mercedes SLR McLaren

Познатата тјунерска куќа Mansory направи преработка на моделот Mercedes SLR McLaren кој доби изглед во стилот на „Бетмобил“

Mansory во својата богата историја има поголем број на фантастични проекти, а еден од нив има изглед на „Бетмобил“. Произведени се само 2.157 примероци на SLR моделот меѓу 2003 и 2010 година во технолошкиот центар на McLaren во Вокинг, иако првично било планирано да се направат 3.000 примероци. Со оглед на тоа дека претставува духовен наследник на легендарниот Mercedes 300 SLR, модерниот Sport Leicht Rennsport е навистина редок примерок.

Ова купе со високи перформанси со долг поклопец на моторот и gullwing врати претставува импресивен автомобил. Без оглед на тоа дали станува збор за основниот модел, или некоја од специјалните верзии кои пристигнаа подоцна. Денеска постојат навистина малку ограничени верзии вклучително McLaren Edition и 722, а не треба да се заборави ниту спектакуларниот Stirling Moss Speedster и 722 GT тркачкиот автомобил.

Mansory својот проект го започна на стандардното купе кое за прв пат е регистрирано во 2005 година. Овој модел се најде во рацете на угледниот тјунер, а конечниот резултат е вистински „Бетмобил“. Автомобилот е во Crystal Galaxite металик црна боја. Поседува и голем број компоненти изработени од карбон, а возилото е поставено на 21-инчни тркала. Mansory вгради и LED светла во страничните отвори за воздух кои се вклучуваат кога ќе се отворат gullwing вратите.

Во внатрешноста исто така се наоѓаат голем број детали од карбон, како и диоди кои го унапредуваат изгледот. Како недостаток може да се издвои дополнително вградениот инфозабавен систем поради кој исчезна класичната SLR ознака на поклопецот кој го прекрива стандардното радио.

Овој модел се напојува со 5,4-литарски V8 мотор кој развива 617 КС. Но, Mansory моќноста на својот „Бетмобил“ ја зголеми на 700 КС, а силата се пренесува на задните тркала. Кај стандардниот модел спринтот од нула до „стотка“ се достигнува за 3,8 секунди. Автомобилот се продава во Холандија, се наоѓа во врвна состојба со поминати само 34.349 километри. Цената за овој автомобил изнесува 290.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button