Мартин Делев шампион на првото издание на TWINGO CUP 2019

Денес заврши сезоната на TWINGO CUP 2019 со две трки во Серес, Грција, а шампион на ова издание е Мартин Делев

На првата трка триумфираше Слободан Трајковски, пред Мартин Делев и Давид Малинковски, кој пак на втората трка се искачи на највисокото место на подиумот. Во втората трка на втор финишираше Трајковски, додека на подиумот имаше место и за Иван Стефановски.

Делев заслужено дојде до шампионскиот трофеј откако сезонава триумфираше на дури четири трки од вкупно седумте. Премиерната сезона во TWINGO CUP мина одлично, а Македонија покажа дека има фантастични натпреварувачи.

Мартин Делев

РЕЗУЛТАТИ ПРВА ТРКА СЕРЕС
1. Слободан Трајковски29:24,297
2. Мартин Делев29:26,248
3. Давид Малинковски29:27,248
4. Иван Стефановски29:31,792
5. Емил Нацка29:32,174
6. Владимир Тренески29:33,864
7. Ангелче Стојковски31:00,153
8. Ненад Костовски31:01,689

 

РЕЗУЛТАТИ ВТОРА ТРКА СЕРЕС
1. Давид Малинковски28:40,138
2. Слободан Трајковски28:45,495
3. Иван Стефановски28:47,096
4. Мартин Делев28:50,992
5. Владимир Тренески28:54,347
6. Емил Нацка29:25,222
7. Ненад Костовски30:26,741

 

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН (КОНЕЧЕН)
1. Мартин Делев58
2. Давид Малинковски50
3. Слободан Трајковски47
4. Емил Нацка38
5. Иван Стефановски20
6. Ангелче Стојковски15
7. Владимир Тренески11
8. Ненад Костовски10
9. Томислав Трајковски8
10. Сашо Кочевски5
11. Никола Тоневски2

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close