fbpx

Maserati го претстави моторот за новиот MC20 со F1 технологија

Maserati објави уште еден мал дел од целата „сложувалка“ за новиот модел MC20, а овој пат во главната улога се најде новиот мотор на компанијата

Во срцето на италијанскиот спортски суперавтомобил се наоѓа 3,0-литарскиот V6 twin-turbo мотор, кој е целосно развиен од страна на Maserati со помош на технолошки карактеристики од Formula 1. Со тежина под 220 килограми, моторот испорачува 629 КС при 7.500 вртежи во минута и 730 Nm максимален вртежен момент од 3.000 до 5.500 вртежи во минута. Новиот мотор го носи името Maserati Nettuno.

Новиот агрегат има предкоморен согорувачки систем со twin-spark свеќички, прв од ваков вид за мотор наменет за патиштата. Поставен меѓу класичната согорувачка комора и централната електрода, конектиран преку неколку специјално дизајнирани дупки, предкомората се спојува со латерална свеќичка, која користи традиционална свеќичка за поддршка при согорување кога работи на ниски нивоа.

Twin-injection системот, директно и индиректно, помага при намалување на бучавата, додека исто така ја подобрува потрошувачката на гориво и ги намалува CO2 емисиите. Дизајниран во погонот на компанијата во Модена и развиен од страна на Engine Hub, каде што исто така ќе се произведува, новиот мотор е „заштитен од интернационални патенти“ и ќе ги напојува идните нови модели направени од страна на Maserati, покрај MC20.

Новиот мотор ќе биде за прв пат вграден во новиот MC20

Инаку, Maserati MC20 ќе ја доживее светската премиера на MMXX: The Time To Be Audacious настанот кој ќе се одржи во Модена, на 9 и 10 септември. Спортскиот автомобил исто така ќе го врати Maserati во светот на трките.

„На лансирањето на новиот модел, ќе бидат претставени нови модели, кои ќе влезат во производство во следните години, a исто така и иновативните погонски системи и амбициозната програма развиена од страна на Casa del Tridente ќе бидат најавени“, истакнуваат од компанијата.

Maserati досега ги користеше агрегатите на Ferrari, но италијанската компанија полека почнува да се одвојува од својот „сонародник“ и започнува со целосен развој на свој мотор. Со оглед на тоа дека електрификацијата има важна улога во иднината на компанијата, се очекува новиот Maserati Nettuno да добие и своја хибридна варијанта.

Поврзани вести

Back to top button