fbpx

Maserati лансираше специјална серија Royale за најпребирливите купувачи

Италијанската компанија претстави лимитирана серија на специјално опремени возила со ознаката Royale, a во понудата ќе се најдат моделите Levante, Quattroporte и Ghibli

Во својата историја, италијанската компанија веќе претстави автомобил со назив кој е користен за најскапоцените и најлуксузни верзии на третата генерација Quattroporte – Станува збор за Maserati Royale.

Royale верзиите поседуваа унапреден 4,9-литарски V8 мотор. Благодарение на модификациите, погонската единица располагаше со сила од 300, наместо 280 КС. Покрај тоа, примероците од Royale едицијата поседуваа четири посебни, електрично подвижни седишта, тримови изградени од скапоцена кожа, како и минибар.

Во почетокот, Maserati планирал да произведе вкупно 120 примероци, но по стариот добар италијански обичај, во интервалот од 1986 до 1990 година, од производната лента се симнале само 51 возило од тој тип. Сега името, односно називот Royale повторно е изваден од фиоката и ќе биде повторно употребен за специјалната серија која брои 100 примероци, три актуелни модели кои ќе ја имаат таа чест да го понесат овој назив, а станува збор за кросоверот Levante, но и седаните Ghibli и Quattroporte.

Главната одлика на возилата од оваа едиција ќе биде специјалната облога на седиштата кои ќе користат тенок слој на плетен материјал, со комерцијален назив Pelletessuta, сочинет од nappa кожа и волна. Купувачот ќе има шанса да се определи за ентериер во кој доминира кафената боја, или пак да ја разбие монотонијата со чоколадна боја, со црни контрастни акценти.

Автомобилите од Royale сериите се нудат со избор од две бои на каросеријата. „Кралските“ нијанси на сина и зелена боја ги носат комерцијалните називи: Blue Royale и Verde Royale. Со својот изглед потсетуваат на она што можевме да го видиме на оригиналниот промерок на Maserati Royale.

Испораката започнува во март

Во оваа специјална едиција, возилата Maserati исто така носат 21-инчни Titano фелни. Нивниот дизајн е специјално развиен за конкретната намена, односно серија.

Сите модели можат да се нарачаат со најширокиот можен список на опциона опрема. Вклучени се супериорен музички уред од Bowers & Wilkins, стаклен панорамски покривен отвор, како и специјална ознака на централниот тунел на кој пишува „Uno di cento“ (еден од сто).

Сепак, примероците кои ги користат најсилните V8 погонски единици нема да бидат достапни преку Royale едицијата. Maserati Ghibli, Quattroporte и Levante во Royale издание пристигнуваат единствено со 3,0-литарски V6 мотори кои развиваат 275 КС (дизел мотор), односно 350 или 430 КС (бензински мотор).

Maserati се уште ја нема пополнето листата на нарачки па и понатаму можете евентуално да се пријавите за купување. Испораката на овие автомобили започнува во март.

Поврзани вести

Back to top button